Владата со нови антикризни мерки ќе ги поткрепува македонските компании коишто изминативе години заради светската економска криза имаат неплатени придонеси по основ на пензиско и здравствено осигурување. Како што вчера појасни вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, ќе има отпис на долгови по однос на обврски од пензиско и од здравствено осигурување со цел да се поддржи ликвидноста во стопанството, но истовремено ќе се амортизира и ударот од економска криза. Според него овие мерки ќе овозможат да им се излеземе во пресрет на барањата на стотици македонски фирми коишто имаат заостанати обврски по основ на пензиско и здравствено осигурување. Со два нови предлог закони, едниот за пензиско и другиот за здравствено осигурување, се овозможува на фирмите за сиот настанат долг по основ на придонеси за пензиско осигурување заклучно со први јануари 2009 година, да се отпишат каматите доколку во рок од шест месеци од денот на поднесување на барањето фирмата ја плати главницата на заостанатиот долг.
Владата со нови антикризни мерки ќе ги поткрепува македонските компании коишто изминативе години заради светската економска криза имаат неплатени придонеси по основ на пензиско и здравствено осигурување.
Како што вчера појасни вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, ќе има отпис на долгови по однос на обврски од пензиско и од здравствено осигурување со цел да се поддржи ликвидноста во стопанството, но истовремено ќе се амортизира и ударот од економска криза. Според него овие мерки ќе овозможат да им се излеземе во пресрет на барањата на стотици македонски фирми коишто имаат заостанати обврски по основ на пензиско и здравствено осигурување.
- Со два нови предлог закони, едниот за пензиско и другиот за здравствено осигурување, се овозможува на фирмите за сиот настанат долг по основ на придонеси за пензиско осигурување заклучно со први јануари 2009 година, да се отпишат каматите доколку во рок од шест месеци од денот на поднесување на барањето фирмата ја плати главницата на заостанатиот долг. Исто така се овозможува да се отпишат каматите за долгови по различни видови на придонеси кои настанале во периодот од почетокот на 2009 до крајот на 2012 година-посочи Ставрески.Тој појасни дека ако основниот долг за придонесите се плати во рок од шест месеци се овозможува да се изврши 100 процентно отпишување на каматата, но ако долгот се отплати за период меѓу шест и 12 месеци ќе се отпише 75 проценти од каматата. При отплата на долгот за период од 12-18 месеци ќе се отпишат 50 проценти од каматата.
Владата донесува и трета мерка, која пак се однесува само на долгот за здравственото осигурување кој настанал до 2009 година.
- Ако фирмата во наредните три години заклучно со крајот на 2015 година, редовно ги исплаќа тековните обврски по основ на придонес за здравствено осигурување, после три години ќе и бидат отпишани сите заостанатите обврски-основниот долг и каматата-вели Ставрески и додава дека барања за отпис на овие долгови фирмите ќе можат да ги поднесуваат по стапувањето во сила на законите, а во меѓувреме ќе се направат финалните пресметки за тоа колкав е нивниот долг.
Проценките се дека вредноста на каматите кај долгот по основ на пензиско осигурување изнесува 40 проценти од долгот.